Полека привршуваат натпреварите во националните фудбалски првенства, па од тука и се креираат горните позиции но и позициите кои носат бараж за влезе еден ранг погоре.Така е и во третата фудбалска лига – југ , каде на неколку кола до крајот лидерската позиција е за Големо Коњари кој првата позиција ја држи од стартот на шампионатот.Клубот кој има долга фудбалска историја за Прилеп , повторно е во најповолна позиција која носи бараж за пополнување на место кое води во второлигашко друштво.Од клубот велат дека го имаат ентузијазмот и желбата да се надигруваат со противниците и во втората лига , потребно е да се обнови инфраструктурата која е потреба за настапи во овој ранг , а домашниот терен е во беспрекорна состјба велат од Големо Коњари.За спортската емисија СПОРТСКИ ЖУРНАЛ , во #РАДИОШТОСЕГЛЕДА , претседателот на клубот Тони Даноски истакнна дека нема поубаво чуство за жителите на Големо Коњари да го гледаат својот клуб да се натпреварува што повисоко во македонските првенства , но за се треба само да се обнови инфраструктурата што ја поседува клубот.Во продолжение и целиот разговор погледнете го во видеото.