Во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп на 7 ми мај од 19 часот во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи предавање на тема „Македонија и Прилеп градот- херој во борбата против фашизмот“. Предавач е Рубинчо Белчески, историчар, кустос.
Настанот се организира во пресрет на 80 годишнината од 9 ти Мај Денот на борбата против фашизмот и Ден на Европа.
Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај 1945 година. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.