7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Оддвоени чествувања за 61 година од смртта на Методија Андонов –Ченто

Прилеп денеска одбележа 61 година смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. По тој повод делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, од Општинската организација на Сојузот на борци, од Општинската организација на СДСМ, од Здружението на резервни воени обврзници, учесници во настаните од 2001/2002година и граѓани положија свежи свеќиња пред споменикот во центарот на Прилеп.

По повод 61 година од смртта на великанот Ченто оддвоено чествување денеска напладне имаа претставници на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и членови на Македонското патриотско здружение „Пере Тошев“.

Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на денешен ден 1957 година. Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“ во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 август 1944 година, тој е избран за претседател на ова највисоко државно тело и по ослободувањето, во Македонија, како федерална единица на тогашна СФРЈугославија.
Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода на 11 години. Умре како маченик, а неговиот лик и дело бил рехабилитиран во октомври 1990 година.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Прилеп не е безбеден град, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полициската станица

Гордана Цветаноска

Сега до полесен и побрз начин за пријавување на проблем во вашето маало

Пела Редакција

В недела, градоначалникот Јовчески ќе го промовира сработеното за 2022 и 2023 та година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе