27.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Витаминка ја презентира својата понуда на Ануга, најголемиот глобален саем за храна

Витаминка и оваа година го продолжува својот континуиран настап на најголемиот меѓународен саем за храна и пијалаци – Ануга, кој традиционално се одржува во Келн, Германија.

Со богата и внимателно селектирана понуда од својата слатка и солена програма, компанијата повторно ја претставува македонската прехранбена индустрија пред светската бизнис и стручна јавност. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да ги запознаат и дегустираат најпознатите брендови на компанијата, како и најновите производи кои ги следат современите прехранбени трендови и вкусови.

„Присуството на Ануга претставува извонредна можност за директен контакт со партнери и потенцијални купувачи од целиот свет. Настапот меѓу водечките глобални производители на храна е уште една потврда дека Витаминка е препознаена како сигурен и иновативен бренд надвор од македонските граници. Тоа е дополнителен поттик за постојан развој, зајакнување на извозот и ширење на нашето присуство на нови пазари“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.


Ануга и оваа година се потврдува како централно место на светската прехранбена индустрија, каде што се презентираат најновите иновации и трендови. Саемот обединува повеќе од 7800 изложувачи од над 110 земји, меѓу кои и водечки компании од Европа, Америка и Азија, кои ги претставуваат
најдобрите решенија и инспирации од светот на храната.
Присуството на Витаминка на оваа значајна манифестација уште еднаш ја нагласува посветеноста на компанијата кон квалитет, развој и промоција на македонските производи на глобалната сцена.

Би можело да ве интересира

Нови аспекти во медиумското работење за уметноста, културата и традицијата – обука за новинари

Пела Редакција

“Правото на изразување без цензура и ограничување“ – ораторска вечер за млади, организира Ротари клуб-Прилеп

Пела Редакција

Утре, петок, без електрична енергија повеќе населени места

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе