25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

“Правото на изразување без цензура и ограничување“ – ораторска вечер за млади, организира Ротари клуб-Прилеп

Во организација на Ротари клуб Прилеп, вечерва (10 декември 2025 година) во Градската библиотека „Борка Талески“ во 19:00 часот, ќе се одржи прва градска ораторска вечер, насловена „Правото на изразување без цензура и ограничување“.

19-есет млади луѓе, средношколци, ученици од средните училишта од Прилеп, ќе говорат и јавно и ќе ги пренесат своите ставови, размислувања и пораки за важноста од слободата на говор и јавно изразување. Нивните ораторски способности ќе бидат оценувани од стручно жири, професорки по македонски јазик, кои ќе го следат ораторскиот израз, аргументацијата, јавниот настап на учесниците, поврзана со личните ставови и интереси на младите луѓе на оваа тема. Говорот, со кој се претставуваат младите оратори, треба да биде разбирлив за пошироката публика, јасен и прецизен.

Настанот се организира за прва пат од страна на Ротари Клубот-Прилеп по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.

Цел е да се поттикнат младите повеќе да ги развиваат говорните способности, да размислуваат критички и јавно да ги изразува своите ставови, „за да се намали комуникацијата која се повеќе се одвива преку екрани и тастатури“, велат организаторите.

Настанот има и натпреварувачки карактер. На крајот од ораторската вечер, ќе бидат наградени тројцата најдобри оратори со симболични парични награди, а еден од нив, млад оратор, ќе биде прогласен за победникот на ораторската вечер, додека сите учесници ќе добијат пригодни благодарници за активното учество.

Би можело да ве интересира

УЈП aпелира – граѓаните да не отвараат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Прилепчани хумани! Акцијата „Подај рака, биди човек”,успешна

Крушево до 15 часот највисока излезност од над 50%, Долнени над 33%

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе