28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Визијата за Прилеп е зелена, чиста и енергетски ефикасна општина

На денешната прес конференција, Билјана Ристеска, кандидат за советник за Прилеп на совеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалиција, посочи дека визијата на нивната партија е зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, “тоа е нашата цел и визија за современ Прилеп!“, рече таа.

Иднината на Прилеп е во создавање зелена, чиста и енергетски ефикасна општина. Нашата цел е да изградиме град кој ќе се развива одржливо, ќе штеди енергија и ќе обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани. Во рамките на оваа визија, се залагаме за неколку клучни проекти и мерки кои што ќе ги спроведиме:  Реконструкција или поставување ново осветлување , таму каде што немало досега, во приградските и руралните населени места, затоа што секој граѓанин заслужува безбедност и пристојни услови, без разлика дали живее во центарот или во најоддалеченото село.

– Смарт-осветлување за паркови и јавни површини. Ова е современ систем кој ќе овозможи рационална потрошувачка на енергија и подобра видливост во сите делови на градот.

– Подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти. Воведување системи за енергетски менаџмент кои ќе овозможат помала потрошувачка и повеќе заштедени средства за други јавни потреби.

-Поддршка за домаќинства и мали бизниси. Ќе се залагаме да го стимулираме користењето обновливи извори на енергија, како соларни системи и штедливи уреди, кои ќе им помогнат на граѓаните да ги намалат своите сметки и да придонесат за почиста околина

-Пилот-проекти за соларни паркови и биогас постројки, со кои Прилеп ќе направи значаен чекор кон енергетска независност и современ локален развој.

-Енергетски ревизии и јавна едукација. Ќе воведеме континуирана анализа на енергетската потрошувачка и едукативни кампањи за рационално користење на енергијата.

Со овие чекори, Прилеп може да стане модерен, економичен и еколошки град и пример за сите останати општини. Веруваме дека со чесна работа, одговорност и посветеност ќе покажеме дека има можност за поинаков, подобар Прилеп. Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9, за кандидатот за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,потенцира Ристеска .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Ѓорѓиоска: за позитивни промени во заедницата најчесто е потребна само поголема политичка волја

Седница на Советот – советниците бараа одговор: за состојбата со водата, кучињата скитници, за детската градинка…

Пела Редакција

Стерјовска прашува: „Како е применет принципот ,,прв дојден-прв услужен„ за субвенционирање на инвертер грејни тела и велосипед?“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе