28.8 C
Прилеп
понеделник, 27 јули, 2026
Пела Радио

Финална координација во пресрет на Пиво фестивалот-Прилеп подготвен ќе ги дочека посетителите

Во пресрет на Пиво фестивалот најмасовната манифестација во  Прилеп денеска во општина Прилеп се одржа координативна средба со претставници на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна служба, ОВР Прилеп и други институции,  вклучени во организацијата и реализацијата на „Пиво фестивал 2026“.

„Прилеп е максимално подготвен да ги пречека и угости сите посетители, обезбедувајќи квалитетна  организација во пријатна фестивалска атмосфера. Интензивно се работи и на уредувањето на градот. Екипите на ЈКП „Комуналец“ секојдневно го разубавуваат и одржуваат централното градско подрачје, плоштадот „Александрија“, парковите и јавните зелени површини, за Прилеп да ги пречека своите гости во најубаво издание, посочуваат од Општина Прилеп.

Пиво фестивалот годинава ќе се одржи на 17, 18 и 19 јули (петок, сабота и недела) а ќе настапат балкански и македонски естрадни ѕвезди на главната сцена. Покрај богатиот избор на музика и концертните настапи, за љубителите на забавите на камената бина ќе настапуваат познати диџеи.

Би можело да ве интересира

Институциите може да обезбедат средства со инвестирање во сопствени капацитети за производство на електрична енергија

Градоначалникот Јовчески поканува на заедничко чествување: Прилеп е подготвен за патрон празникот Свети Никола

Објавен јавен повик од ИПАРД III програмата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе