28.6 C
Прилеп
понеделник, 27 јули, 2026
Пела Радио

И вечерва заедничко следење на 2 мундијалски натпревари кај камената бина

Во организација на општина Прилеп и вечерва, вторник, 7 јули, на голем екран, на камената бина,  плоштад Александрија ќе се прикажуваат два натпревари од осминафиналето од Светското првенство во фудбал.

Возбудувањата почнуваат од 18 часот со натпреварот меѓу Аргентина : Египет, а потоа во 22 часот своето место во четвртфиналето од Мундијалот ќе ја бараат Швајцарија : Колумбија.

Инаку, ова се двата последни осминафинални натпревари, победниците од нив ќе се сретнат во меѓусебен дуел во четвртфиналето.

Обезбедени се монтажна трибина за повозрасните, а за најмладите големи прилагодени фотелји/ перници (лејзи бег) за целосно уживање во неколку часовното спортско задоволство.

Би можело да ве интересира

Каква е состојбата со патната мрежа во прилепска Пелагонија?!

Донациски базар „Сестрите за сестрите“ за собирање средства потребни за лекување на деца

МВР:Насилникот избегал при транспорт од Психијатриска болница до Основен суд Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе