15.6 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Кандидати за советници ВМРО ДПМНЕ: повеќе проекти за развој на туризмот во Прилеп

Проекти за динамичен  развој и долгорочната поддршка на локалниот туризам во Општина Прилеп, преку зачувавање, афирмирање и промовирање на богатото културно, историско и духовно наследство на Прилеп, промовираа кандидатите за советници во Советот на Општина Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ:

„Во нашата програма предвидуваме серија конкретни и реални проекти: -Непосредна заштита на манастирот „Трескавец“, со поддршка од централната власт. -Изработка на стратегија за културен туризам, како трајна основа за развој и промоција на општината. -Поставување видеобим за промоција на Општина Прилеп и нејзините уникатни природни и културни богатства. -Дигитализација на културното наследство, како и веб-страна и мобилна апликација за современа туристичка промоција. -Опремување на институциите, музеи, галерии, библиотека и институти со напредна технологија и современи решенија. -Создавање на „Прилепски авантуристички патеки (Prilep Adventure Trails)“ – нова, возбудлива атракција за љубителите на природа, спорт и авантура. -Целогодишна културна програма во Амфитеатарот во Варош -Отворање на Младински културен центар (МКЦ) – инспиративен простор за младите и креативните таленти. -Поставување светлосен објект „Те сакам Прилеп“ во срцето на градот, како симбол на љубов, идентитет и единство. -Промоција на археолошките локалитети со воведување на едукативни и интерактивни содржини. -Обезбедување простор за проби и настапи на музички уметници. -Поставување спомен-обележје „Карпалак“ во спомен-собата на касарната, во чест на хероите што го дадоа својот живот за Македонија.

Би можело да ве интересира

Натпревари, изложби, средби – 80 години ЈОУ Градска библиотека Борка Талески

(ВИДЕО)Сестрата му вперила пушка во главата на братoт, полицијата го приведе родителот

(ВИДЕО) „Те чекам“-нова песна на Александра Трајческа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе