29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Нови правила: електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години

Од денеска стапуваат во сила новите, построги правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото.

Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.

Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.

За дел од прекршоците, покрај паричните казни, предвидено е и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена. Кога прекршок ќе стори дете, одговорноста ја сносат неговите родители или старатели.

Целта на измените е да се зголеми безбедноста на возачите на лесни електрични возила, како и на сите други учесници во сообраќајот, велат надлежните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајката стана реалност – Се пушти во употреба новата детска градинка во нас. Точила

Пела Редакција

Водоснабдување за жителите од крушевското село Пресил

Полицијата апелира на внимателност при измами и злоупотреби на лични податоци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе