20.6 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Прилепекиот театар бара одделување од ЦК „Марко Цепенко„

Одделување на театарот „Војдан Чернодрински“ од центарот за култура „Марко Цепенков“, поголема заштита на културното наследство, правилна евалуација на работата на вработените во овие институции, заштита на авторските права и нивна валоризација…oвие беа  дел од забелешките и сугестиите на актерите, уметници, музичарите, претставници на центарот за култура, Завод и музеј, локалната самоуправа и претставници на невладиниот сектор, на јавната дебата за Националната стратегија за култура на Р. Македонија за периодот 2018-2022 година,што  се одржа во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Организатори беа  здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица, а како коорганизатор и домаќин на настанот беше здружението на граѓани „Театарска работилница“ од Прилеп.

Најмногу забелешки имаше од секторот- театар. Театарот од Прилеп побара одделување од центарот за култура.Нивните најголеми дилеми беа околу децентрализацијата ,односно  како таа ќе се спроведува?! Како театарот ќе продолжи да се финансира понатаму, доколку дојде до  децентрализација?!

„Во 2004 година, ја изгуби и својата институционалност, стана дел од центарот за култура,така што го загуби брендот граден од 1950 година. Мислам дека и повеќето театри, во другите градови каде се случија вакви јавни расправи и тие исто така се борат за институционализирање на театарот“, изјави Игор Трпчески,член на „Театарска работилница“.

„Забелешки имавме и во однос на заштитата на културното наследство и правилната евалуација на трудот на вработените во овие институции, што го третираат културното наследство, во однос на заштитата на авторските права како тие се третираат, но и барања за нивна поголема валоризација. Записниците од дебатите ги предаваме на работната група, која што е составена од претставници на Министертсвото за култура. Значи овие предлози и сугестии ќе бидат доставени до нив и тие понатаму ќе ги селектираат и ќе одлучат дали ќе бидат вградени во новиот стратегиски документ“, истакна Јасмина Мазгалиева, претставник од здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица.

Целта на овие дебати е предлозите да доаѓаат од вработените во институциите од културата, врз основа на кои ќе се градат натаму политиките во културата на највисоко ниво. Целта на дебатите исто така е овој систем на генерирање идеи и предлози да се децентрализира,а не како досега сè да се одвива само во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Концерт на шпански мелодии на платото пред Цепенков

Гордана Цветаноска

Концерт на Октетот Прилеп

Вечер на унгарски танци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе