20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Денеска ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.

Би можело да ве интересира

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

Се подготвува нов закон за заштита од пушење

Пела Редакција

Во сообраќајка тешко повредена малолетничка – возела електричен тротинет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе