10 C
Прилеп
среда, 26 март, 2025
Пела Радио

„Училишта од 21 век“ меѓу кои и три прилепски

Пред почетокот на учебната година раздвижено и работно во ОУ „Блаже Конески“ Прилеп. Наставниот кадар од три прилепски училишта интензивно се подготвува за реализација на пилот проектот „Училишта од 21 век“ во кој се вклучени и ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, ОУ „Кочо Рацин“.

Обуката трае вкупно 3 дена.

Пилот проектот е организиран од страна на Британскиот совет, Министерството за образование и наука и Бирото за развој во образованието.
– Десет наставници, треба да се обучат и да воведат новитети во наставно-образовниот процес, да ги поттикнат учениците на критичко размислување, решавање на проблеми и зголемување на дигиталните вештини. Исто така секое училиште ќе добие 30 џебни компјутери (микробит) кои ќе се употребат во наставата во информатичкиот дел“, истакна Кети Стевананџија, директорка на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

Македонскиот образовен систем со ова се доближува до современите информатички текови.
-Наставниците во следните чекори ќе можат да создаваат проблеми, со кои ќе ги предизвикаат децата да програмираат и да размислуваат. На овој начин секој во наставата може да го примени програмирањето, а преку тоа децата да ја развијат креативноста, работата во тим, вештините за критичкото размислување и дигиталната писменост“, истакна Андријана Никуловска, наставник и координатор на проектот.
Програмата е наменета за ученици од 10 до 14 години.

Би можело да ве интересира

Се санира патот Крушево – Пуста Река

Елизабета Филипоска

Oд полноќ изборен молк

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе