6.7 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Канатларци до март долгорочно ќе ги реши децениските маки со водоснабдувањето

Проблемите со водоснабдувањето и нивно надминување беше целта на денешната посета на директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, Емил Јанески во селото Канатларци. Ова населено место има сопствен водоснабдителен систем, за чие што одржување се надлежни ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Локалната мрежа со вода се снабдува од бунар кој што се наоѓа во соседно село Ерековци. Летото е период кога издашноста на бунарот варира, па се појавуваат проблеми со кои се нарушува водоснабдувањето.
Како што истакна директорот Јанески, со доаѓањето на новото раководство на јавното претпријатие, во Канатларци биле санирани повеќе од 30 дефекти, со што намалила неконтролираната потрошувачка. Покрај тоа екипи на ЈКП ВиК редовно ги сервисирале водоводната мрежа и потопната пумпа во бунарот.
– Издашноста на постојниот бунар е 2,7 до 3 литри во секунда и во овој момент од причина што запреа земјоделските работи и што се санирани дефектите, сите 700 домаќинства со околу 2.000 жители во Канатларци се снабдени со вода, без какви било рестрикции“, потенцираше директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.
Но, проблемот со водоснабдувањето на населеното место Канатларци, единствено ќе биде долгорочно решен со изградба на нов бунар. За таа цел, во тек е подготовка на потребната документација, се вршат пробни бушотини и се испитува нивната исправност во текот на четирите годишни времиња. Бунарот ќе биде ставен во употреба во март или април следната 2019 година, со што трајно ќе биде решен деценискиот проблем на локалното население.
Исто така на средбата со новинарите беше истакнато дека се санираат и проблемите со канализационата мрежа.
-Пред да биде целосно изграден главниот колектор од канализационата мрежа во Канатларци, беше распишан тендер и беше изведено вклучување на гранките на домаќинствата во главниот колектор, без претходно да биде обезбедено истекување на фекалната вода од главниот колектор. Со тоа постоеше ризик да се предизвика еколошка катастрофа, бидејќи низ шахтите почнаа да се прелеваат фекалии. Нашето јавно претпријатие, во соработка со Општина Прилеп и ЈКП ‘Комуналец’, постави таканаречени балони за собирање на фекалната урбана отпадна вода, направи целосно чистење на главниот колектор, на најниската точка инсталира пумпна станица за извлекување на отпадните води во соодветен таложник, со што беше спречена еколошка катастрофа“, изјави Јанески, при денешната посета на Канатларци.

Селото Канатларци е едно од поголемите во прилепско со околу 700 домаќинства и 2 илјади жители.

 

Би можело да ве интересира

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција

Офарбана новата табла пред споменикот на Александар Македонски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе