11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Штетата на земјоделците од невремето проценета на 18,5 милони денари

Советот на Општина Прилеп денска го разгледа збирниот извештај за проценетата штета од невремето на подрајчјето на Општина Прилеп, на   09 јули, 2018 год., каде главно, беше уништен тутунот. Според извештајот на општинската комисијата за проценки на штети биле поднесени 105 барања, а 96  прифатени, односно 99% од барањата прифатени. Според претседателот на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, Жарко Северкоски, штетата, чии што насади и посеви се уништени во невремето, е проценета на  18 милиони и 465 илјади денари.Претседателот на Совет, Миле Талевски истакна дека барањата за обештетување ќе бидат испратени и до второстепената владина комисија.

Советниците денеска дискутираа и по кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп. Советниците од опозицијата по оваа точка обвинија дека  власта во овие месеци остварила ниско ниво на реализација на капитални инвестиции, само 11% , па ги споменаа нереализираните проекти: изгрдбата на основното училиште во  нас. Сточен Пазар, спортската сала „Македонија“ и ,„Партизан“…

               „Ни беше доставен податок за процентот за реализација на капиталните инвестиции во Општина Прилеп во овие 6 месеци. Тој изнесува катастрофални 11.62%.Тоа ни покажува дека локалната самоуправа со која раководи градоначалникот Јованоски и СДС абсолутно ништо не работи, многу е далеку од остварување на сите оние мегаломански ветувања пред изборите, а сето тоа со еден збор било лага. Бидејќи во 6 месеци да оствариш процент на капитални инвестиции од само 11%, тоа е несватливо. Укажува на неработење, незнаење и неспособност и ништо друго. Граѓаните на Општина Прилеп буквално се излажани.Ако се работи, понатаму градоначалникот и локалната самоуправа да работат со оваа динамика, ќе им требаат добри 100 години за да го реализираат сето она што го ветија во предизборието„ -рече координаторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ Петар Ристески по завршувањато на Седницата
            Советничката група на  ВМРО-ДПМНЕ дава паушали претставки околу реализацијата на капиталните инвестиции во Општина Прилеп затоа што не се завршени комплетните извршувања на буџетот на Општина Прилеп, истакна претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, по завршувањето на 18-тата седница.

На Седницата стана збор и за планот за вработување во ЈКП „Комуналец“-Прилеп,како и за работењето на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник„.Советниците се заржаа  на потребата од субфенционирање на ЈП за ПУП-Прилеп со буџетски средства за набавка на нови градски автобуси.

Советниците разговараа и за согласноста  Општина Прилеп  да добие банкарска гаранција од 100.000 ден. со цел да учетвува на јавниот кокурс за изнамување под закуп на камената зграда на Тут-Ком за детска градинка, во која се планирани да бидат сместени 60/70 деца од предшколска возраст.„Причина за вавата потреба е што во ДУП нема простор за градинка во овој дел од градот„- се изјаснија надлежните.

На седницата Советниците одлучија да прифатат и неколку грантови за реконструкц ија на општинскиот пат од с.Волково до с .Прилепец ,за проектот за изр аботка на урбанистички планови во 30 села во Општина прилеп,за рекострукција на општинскиот пат 3-та фаза од с Прилепец до Манастирот Св.Никола.Беа разгледани и прифатени низа урбанистички планови .

Би можело да ве интересира

Вторник боево граѓање на Леково

Пела Редакција

Апасиев од Прилеп: Очекуваме над 80 илјади гласови за 8 до 10 пратеници

Пела Редакција

Прилеп, ден пред Пивофест – подготвен за фестивалот! (ФОТО – ГАЛЕРИЈА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе