17.5 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на здравствените установи при избор за вработување кадар во јавното здравство.

Според образложението на Законот, тој треба да овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал и ќе се овозможи избор на најдобриот кандидат за вработување во здравствените установи. Со тоа, наведуваат предлагачите, ќе се врати довербата во здравствените институции и ќе се дестимулира одливот на дефицитарен медицински кадар од државата.

Предлог-законот беше поднесен од пратениците на опозициската Левица.

Би можело да ве интересира

За 11 Октомври -Тјунинг кар шоу, изложба на олдтајмери, модификувани автомобили… забава

Јовчески и Проданоски по повод Курбан Бајрам – почитувањето е услов за соживот

Перканоска: Со поддршката од сопругот, целта ми е да бидам пример за моите ќерки!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе