17.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Николоски од Прилеп: За превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања, користејќи ги превознците.

Превозниците со протестите го остварија едно од основните барања, а тоа е започнување дијалог кој се води и во негови рамки треба да се изнајдат финални решенија, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, отфрлајќи ги обвинувањата на претседателот на СДСМ Венко Филипче во врска со проблемот на транспортерте.

 

Николоски рече дека во моментов се води дијалог и има време да се изнајдат финалните решенија за превозниците зашто ќе се одложи примената на ЕЕС системот и наместо од април, ќе почне да се применува од крајот на септември.

– Претседателката на Европската комисија кажа дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ кој се вика Нова визна стратегија на Европската Унија, со кој возачите се признати како професионалци. Тоа беше едно од основните барања. И во рамките на овој дијалог кој се води во моментов треба да се донесат конечните решенија – никој никаде, а камоли во систем како Европската Унија не очекува дека за две недели сите работи да бидат решени. Туку, тоа што јас го кажав, тоа што го кажа тогаш Европската Унија беше дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по која ќе се оди. Така беше, така се случува. Сето друго е извртување на фактите. Веќе имавме еден состанок на политичко, еден на техничко ниво, изјави Николоски.

Заменик претседателот на Владата најави дека на 24 февруари пак ќе има состанок на техничко ниво.

Би можело да ве интересира

Витаминка ја презентира својата понуда на Ануга, најголемиот глобален саем за храна

(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Се чисти одводниот канал „Блато“ и каналската мрежа во Боротино

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе