26.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

АМСМ: возете внимателно – одрони и снег на патиштата низ Македонија!

Од утрово и на патот Скопје – Велес пред првиот тунел, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Од 9:00 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонија пат.

Претходно, поради интензивни снежни врнежи, од 6:50 часот беше воведена забрана за движење на камиони на делниците Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража.

Надлежните апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината според состојбата на коловозот и задолжително да поседуваат зимска опрема. Екипите на „Македонија пат“ се на терен и континуирано работат на расчистување и одржување на патиштата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Пела Редакција

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Дома чисто – во паркот “бистро” – Вака прилепчани реновирале

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе