10 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Денот на мајчин јазик е празник што почна да се слави не толку одамна. На овој ден, секој треба да размисли за својот однос кон својот мајчин јазик, дали го почитуваме, дали зборуваме правилно. И на овој ден, мора да се потсетиме колку јазици има на земјата и секој од нив треба да се цени. Впрочем, јазикот е култура на народот. Запознавањето со други јазици помага да се разбере колку е интересен и разновиден светот.

Еден јазик може да опстане ако го зборуваат најмалку 100.000 луѓе. Јазиците исчезнуваат не само во модерен свет, ова секогаш се случувало, понекогаш изумрените јазици не оставале ни трага. Меѓутоа, никогаш порано јазиците не исчезнале толку брзо. Многу често, желбата на владетелите да постигнат единство на нивната земја доведе до изумирање на јазиците, бидејќи тие мораа да ги принудат луѓето да користат еден заеднички јазик.

Една од најважните цели на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е заштита на загрозените јазици. Проблемот со исчезнувањето на јазиците е многу релевантен денес, бидејќи во светот во сегашно време месечно исчезнуваат околу два јазика.

Доаѓањето на новите технологии им го отежнува на националните малцинства да го постигнат признавањето на нивните јазици. Ова се должи на брзиот развој на интернетот ширум светот. И денес се верува дека јазик што не е застапен на Интернет, како воопшто да не постои. Се проценува дека околу 81% од сите страници на интернет се направени на Англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Помош за изградба на црквата „Свети Наум“, џамијата во Тризла и на Победа, одлука на Советот на Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Денот на македонскиот јазик одбележан во Букурешт, Романија

Пела Редакција

За старт на учебната година првачињата добија подароци во Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе