26.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)„Преку филм до свест”📽️Како да го препознаеме и спречиме насилството?

Синоќа  во киното „Мис Стон“, филмското платно не беше само за забава – тоа беше огледало на нашата сурова реалност. Преку настанот „Преку филм до свест“,, како да го препознаеме и спречиме насилството? На овие прашања , одговорите ги бараа учениците при средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко” – Прилеп, во рамките на активноста во организација на младинската организација при ова училиште (училишната ученичка заедница).По проекцијата на краткиот филм учениците дискутираа и докажаа дека не се само неми набљудувачи на она што се случува околу нас , односно дека тие се генерацијата која одбива да молчи и која ја препознава сопствената моќ во градењето на побезбедна средина.
Зошто ова е важно? Насилството често успева токму поради тишината. Синоќа  преку филмските приказни, се најде начин гласно дасе прозбори  за она што боли, за она што го гледаме во училишните ходници и на социјалните мрежи.Да престанеме да игнорираме , да почнеме да дејствуваме заедно и заедно да градиме иднина без страв , беше кажано меѓудругото на вчерашната дискусија.

Настанот се реализираше во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, а се спроведува од Coalition of youth organizations SEGA во партнерство со Детскa фондација Песталоци, МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi р и SmartUp – Social Innovation Lab .

Би можело да ве интересира

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Пела Редакција

Отворен ден на прилепските средни училишта

РК Прилеп уште еден натпревар го дели од сигурен опстанок во Супер лигата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе