5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепско јавно здравство – недостигаат лекари и друг медицински персонал!

Во прилепската болница недостигаат над 30 -тина специјалисти лекари од различни област: гинеколози, очни лекари, ортопеди, интернисти… Болницата во моментов бара вработување на лекари, медицински сестри, болничари…

Драги Богојески, директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески“, при денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче, рече дека болницата се соочува со недостиг на кадри во сите одделенија, а проблем претставува и старосната граница на персоналот, при што голем дел од лекарите  се наоѓаат пред пензионирање.

„Се надеваме дека заради недостигот од лекари, дел од нив ќе останат да работат уште некој период. Имаме недостиг во речиси сите одделенија, во очно, гинеколошко, хирургија, за скоро време така ќе биди и во ортопедското одделение. Не знам како ќе оди надминувањето на тој проблем, слушнавме од министерот дека во таа насока се прават одредени организациски пристапи. Во однос на опремата, од донација добивме колоноскоп, кој навистина ни недостигаше, а добивме и мобилен рендген апарат за потребите на ортопедија. Се опремивме и со пациент монитори, со апарат за анестезија, плазма стерилизатор, а во процедура е набавка на опрема за физикална терапија“, истакна Богојески.

Министерот за здравство Филипче потенцираше дека во моментов државата се соочува со недостиг на медицински кадар, а голем проблем претставува и недостигот на ментори за одредени специјалности. Од тие причини, како што рече Филипче, се размислува за повеќе модели, меѓу другото и за тоа како да се задржат постарите доктори на работа, за да ги едуцираат нивните помлади колеги.

„Разговаравме за потребите за примање на дополнителен кадар. Веќе одредена бројка е дозволена од Министерството за финансии. Како што тоа го направиивме во сите јавни здравствени установи, од јануари до сега се приимени 2.200 лица. На мината седница на Влада помина измената програната за специјализации и сега прилепската болница ќе добие потребни специјализации врз основа на проценката во која специјалност недостасуваат кадри. Насекаде низ Македонија има сериозен недостиг на кадар во јавните здравствени установи. Исто така се наметна проблемот за ментори за одредени специјалности. До крајот на овој месец директорите на клиниките и општите болници треба да достават стратегија за развој на своите установи. Со тоа точно ќе се знае со колкав број на специјалисти во момемтов располагаме, на која возраст се, каква опрема за соодветна специјалност има и се користи, какво е знаењето на тамошните доктори и како ние ќе направиме проекција за понатаму колку доктори од таа специјалност ќе бидат примени на работа и ќе се упатата на специјализација“, изјави Венко Филипче, министер за здравство  при посетата н болиницата „Борка Талески„

На днешната средба беше најавена и потребата од реконструкција на гинеколошкото и неонаталошкото одделение и реконструирање на дел од фасадта заради подобра енергетска ефикасност

 

 

Би можело да ве интересира

Прилепчани фатени како крадат од здравствена установа во Прилеп

Пела Редакција

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп го промовираше ајкос и во Македонија

Гордана Цветаноска

Крушево од денеска безбедна Ковид дестинација

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе