5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Реконструкцијата на градскиот стадион “Гоце Делчев„ е стопирана – нема фудбал на него ни оваа година

Дали  реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев„ ќе заврши оваа година?!Дали љубителите на фудбалот ќе можат да гледаат фудбал и да навиваат за својот миленик „Победа“ на домашен терен?На ова тема градоначалникот на Општина Прилеп,Илија Јованоски одржа прес конференција и истакна:

„Неодговорното и штетно работење на претходната локална власт, е причина што фудбалскиот клуб ‘Победа’ и граѓаните на Прилеп, повеќе од две години немаат прволигашки фудбал и не можат да гледаат прволигашки натпревари. Двата наследени проекта за фудбалскиот стадион се стопирани, бидејќи се спротивни на законските регулативи и штетни од секој аспект“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

„Едниот проект се однесува на реконструкција и доградба на северната трибина, како и поставување на челична покривна конструкција, што ќе биде направено со средства на локалната самоуправа. Со другиот проект, со средства на ФФМ, на стадионот треба да биде поставен нов тревник, 4 рефлектори и агрегат. Меѓутоа, и во двата случаја, направени се бројни пропусти.“-рече тој

Не е постапено по препораките на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИС), односно не е извршено испитување на статиката на северната трибина, дали таа може да ја издржи тежината на покривната конструкција.За оваа намена, Општина Прилеп имаше предвидено 28 милиони денари, од кои 18 милиони за градежните работи на северната трибина, кои во рок од 90 работни дена, почнувајќи од август 2017 година, требаше да ги изведи градежната фирма ‘Новоградба’. Во предвидениот рок, па и подолго од тоа, ‘Новградба’ завршила само 7-8 отсто од работата, заради што вториот дел за поставувањето на покривната конструкција, не беше можно да се изведи. Тоа е причината зошто беа стпоирани работи. Што се однесува до вториот проект, ќе кажам дека поставените рефлектори се дивоградба. Имено, за постапување на рефлектори, од кои еден е висок над 40 метра и тежок 10 тона, не е издадено одобрение за градење, туку е издадено решение за градба, кое се издава за поставување на канделабри и улично осветлување. Треба да се напомени дека било планирано агрегатот да се постави во една од соблекувалните, што е уште една катастрофална грешка. Заради сето ова, стопиран беше и вториот проект“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

После запирањето на градежните работи, Општина Прилеп формира петчлена комисија од стручни лица, која ќе изврши комплетна ревизија на проектот, со цел да ги утврди сите пропусти. Во ИЗИС се испитува статиката на северната трибина, после што ќе биде објавен тендер за поставување на челичната покривна конструкција. Работите се во тек, но за да биде се’ согласно законите, како што нагласи Јованоски, потребно е време, а за направените пропусти некој мора да понесе одговорност.

 

 

Би можело да ве интересира

Тутунот – Страст, Профит и Штетност-Денеска е Светски ден против пушењето

Елизабета Филипоска

Црвен крст Прилеп распиша конкурс за обука за лични асистенти за работа со лица со попреченост

Пела Редакција

Новите казнени политики на ресорното министерство – причина за револт на прилепските матични лекари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе