11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Звукот на моторите ја “раздрмаa“ мото крос арената во Лагово

30-тина љубители на мото крос од Македонија и од неколку балкански држави: Србија, Албанија, Косово и Бугарија, беа дел од спктаклот на меѓународната трка „Storm Riders 2017“ на мото стазата кај Лагово . Иако,трката беше ревијална таа го подигна адреналниот на учесниците, а богами и на пристутните .Учесниците на денешната трка не ги криеа позитивните импресии.
Оваа ми е прва трка. Во Гевгелија тренирам на патеката ‘Милци’. Возам речиси една година. Оваа патека не ми е позната. Најважно е дека сè  помина како што треба и да нема повредени. Патекате е добра, скоковите се поголеми од оние што ги овозможува нашата патека во Гевгелија“, истакна седумнаесет годишниот Антониа Камберов од Негорци.
„Еве и ние од ‘Високо-адреналинските октани’ дојдовме во Прилеп малку да се подружиме, за да видат останатите, колку е проширен овој мото крос спорт во Македонија. Се надевам дека ќе имам успешна трка и дека најдобрите ќе победат“, рече Васко Киров, натпреварувач во најсилната категорија „МХ1“, од Гевгелија.
Според Алберто Видески (14) дел од екипата на клубот „Ноќни волци“ од Скопје, во категоријата „МХ2“ патеката во Лагово со должина од 1650 метри, поставена во класичен арена стил е најдобра во Македонија, зашто е градена според светски стандарди.
По завршување на ревијалниот мото крос натпревар претседателот на клубот „Skyriders“, Ѓорѓи Манчески и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски им доделија плакети на најдобрите:

  • во категоријата „МХ1“ Прво место освои Христијан Илиоски, второто му припадна на Гоце Томовски, а третопласиран беше Михаил Бојовски.
  • Првото место во категоријата „МХ2“ му припадна на Христијан Станкович, втор беше Ненад Петрович, а третото место му припадна на Алберто Видески.
  • Во категоријата „МХ3“ првопласиран беше Борче Костов, второто место го освои Фазли Ислами, а трет Јове Иванов.
  • Прв во категоријата „OPEN CLASS“ е Милан Зимонич, втор Александар Србакоски, а третото место му припадна на Павел Иваноски.

Организатор на трката, клубот за екстремни спортови „Skyriders“,најави дека ќе  организира и на други настани со екстремни спортски активности.

„Ваквите авантуристички спортови сè повеќе и повеќе го заземаат приматот во светот, бидејќи тие се како одмор на некој друг, не само оној класичен начин, кој што го знаеме и затоа ги привлекува не само помладите, туку и повозрасните. Мислам дека проектот што го има во овој регион „Пелагонија- регион на екстремни спортови“ треба да продолжи да расти и да се зголемува заедно со поддршка на бизнис секторот“, нагласи Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот „Skyriders“.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со „Аудиција“ гостува на театарски фестивал во Србија

Пела Редакција

Тутунскиот откуп ќе се пролонгира

Гордана Цветаноска

ДЕСПИНА НАИДЕ НА ПРЕСИЛЕН ПРОТИВНИК ВО ШВЕДСКА (37:10)

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе