-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Анѓушев утре во Прилеп со генералениот менаџер на ПМ Тутунски комбинат Солтер

            Утре во работна посета на Прилеп доаѓа Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев и Михаел Солтер, генерален менаџер на ПМТутунски комбинат Прилеп.Компанијата неодмна донираше 80 илјади американски долари за реконструкција на дел од просториите на СОУ Ристе Ристески Ричко – Прилеп.При поседната средба на Регионалната стопанска комора- Прилеп ,говорејќи за недостигот на кадри, директорот на Тут-ком Прилеп, Кире Станкоски токму на оваа тема истакна:
„ Филип Морис Тутунски комбинат, како општествено одговорна компанија, се со цел подобрување на овие горливи проблеми, инвестира во средното индустриско училиште Ристе Ристески Ричко 80.000 долари, во реновирање на 4 практични училници, се со цел добивање на едуциран млад кадар кој иднината и опстанокот ќе го гради во општина Прилеп. Нас ни недостига во делот на технички кадар, електро-машински инжинери, електричари, бравари. Затоа оваа инвестиција што ја правиме во ова училиште е добредојдена и ги повикувам сите бизнисмени од град Прилеп да го следат овој чекор во вложување во вакви кадри, кои својата иднина понатаму ќе ја градат во општина Прилеп“, кажа Станкоски.
 
 
Филип Морис ТКП вложи и во модернизација на Тутунски комбинат Прилеп со која е опфатена производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни.Модернизацијат аи донацијата е повод за посетата на   Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, Михаел Солтер, генерален менаџер на ПМТКП

Би можело да ве интересира

Трет сет економски мерки за помош на стопанството и поттик на домашната потрошувачка

Гордана Цветаноска

Последната група од 222 работници замина од Тутунски Комбинат Прилеп

„Не постои пример во светот каде се носи закон за ретроактивен период“ – ССК на Македонија за новиот данок на екстра профит

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе