3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Преговори или избори, кој е ставот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп?

На денешната прва пост-референдумска прес конференција, претседателот на ОК на ВМДО-ДПМНЕ Петар Ристески, искажа низа обвинувања околу наводни нерегуларности, закани, насилство за време на референдумот на 30 ти септември во Прилеп.
Но, што понатаму? Дали Македонија ја очекуваат интензивни меѓупартиски преговори или предвремени избори? Го запрашавме  претседателот на ОК на ВМРО -ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески по средбата со новинарите.

РАДИО ПЕЛА:
Во Република Македонија гласачите го кажаа својот став по однос на референдумот. Многу работи се јасни, но исто така остануваат многу отворени прашања. Премиерот Зоран Заев најави дека од денеска ќе започнат преговори со мнозинската партија во парламентот односно со ВМРО- ДПМНЕ околу обезбедување на дво-третинско мнозинство, а поврзани со договорот со Грција. Кој е вашиот став? Дали навистина треба да се водат вакви преговори, или пак Македонија треба да оди на предвремени парламентарни избори?
– Нашиот став е апсолутно јасен и недвосмислен. Да се почитува волјата на народот. Народот на 30 ти септември си кажа дека е против овој капитулантски и понижувачки договор за Република Македонија. И апсолутно ВМРО – ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на народот. Сите пратеници во редовите на ВМРО – ДПМНЕ јасно и гласно се изјаснија дека апсолутно ќе ја почитуваат волјата на народот. И верувам дека ќе биде така.

РАДИО ПЕЛА:
Дали мислите дека нема да има поделеност во однос на мислењата на пратениците на ВМРО- ДПМНЕ со оглед на тоа што јасно беше неколкумина од нив излегоа да гласаат на референдумот во неделата. Значи ли тоа дека и покрај ова, пратеничкото тело на ВМРО-ДМНЕ е компактно и не може да се двои?
– Апсолутно! Ставот на ВМРО- ДПМНЕ секој да одлучи како што му налага срцето и разумот. Имаше претеници кои излегоа и се изјаснија на референдумот. Но и тие јасно и гласно кажаа апсолутно ќе ја почитуваат волјата на народот. Јас убеден сум и верувам дека пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ е апсолутно конзистентна по однос на ова прашање и ќе постапи онака како што постапи и народот на Република Македонија, односно како што постапи и на 30 септември против овој калкулантски и понижувачки договор со Република Грција.

РАДИО ПЕЛА:
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ г-дин Мицкоски во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори не се изјасни прецизно: дали ќе има наскоро, или ќе биде тоа оставено за некои други времиња. Кој е Вашиот став по ова прашање, односно кој ставот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп?
– ВМРО- ДПМНЕ ќе го разгледа сигурно ова прашање и нема зошто да брзаме зошто знаеме пред извесно време во Парламентот на Република Македонија се изгласа закон, со кој, пред секои избори треба да има оставка на премиерот и да функционира техничка Влада, односно пред 100 дена пред изборите. Така да, доколку на сегашниот премиер Зоран Заев му се брза и сака на брзина да направи избори и да имаме избирачки ден како што имавме референдумски ден, на сите ние јасно – какво насилство имаше и какво понижување на демократијата во неделата беше присутно во цела Македонија, а јас можам да кажам во Прилеп. Тоа беше апсолутно нешто невидено досега. Апсолутен терор врз граѓаните на Општина Прилеп. Немаше директор на Јавно претпријатие, училиште, на државна установа, што не се јавуваше по телефони, што не ги посетуваше вработените во нивните домови. Од некои броеви се пуштаа пораки, и тоа во името на ВМРО -ДПМНЕ што е апсолутно казниво. Ние сите овие работи ги документиравме, ги имаме како докази и веќе е изготвена и кривична пријава. И за ова некој ќе одговара! За ова некој мора да одговара, бидејќи е недозволиво во 21 век после толку спроведени „скандинавски избори“ во Република Македонија во последниве 2- 3 циклуси, нам да ни се случува терор и насилие.
Граѓаните на Република Македонија да стравуваат за својата безбедност, зошто? Заради тоа што имаат фаворит на одредени избори или гласале за една или за друга политичка партија. Јас и на денешната прес конференција напоменав дека ова не смее повеќе да му се случи на Прилеп, не смее да и се случи на Република Македонија. Ние сме демократска држава и секој има демократско право да си го искаже својот глас.
РАДИО ПЕЛА:
Значи ли тоа дека генерално Вашиот став е – да не се брза?
-Ставот ние ќе го изградиме како партија во телата на партијата, така што ќе бидете навремено информирани за ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 94 годишниот Харалампие: Не просиме, ова ни е заслужено – 6 ти ден пензионерски протести

Пела Редакција

Првото бебе во Прилеп се роди 5 минути по полноќ

Гордана Цветаноска

ЈКП Комуналец: заостанатите долгови граѓаните да ги отплаќаат на рати, без дополнителни трошоци

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе