11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Концерт на Арт либитум трио и изложбата ”Не-дефиниран урбанизам”

               Утре, вторник, , во 19.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ во ликовниот салон концерт ќе одржи Арт либитум трио,  која е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ од Министерството за култура. Силвана Чулева Атанасова ќе свири на флејта, Лазар Соколов, кларинет и Емилија Кабранова Филипова на пијано. Триото ,,Ад либитум” е формирано 2015 год.                  Во својот широк репертоар вклучуваат композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, нивни транскрипции, обработки, модерни и современи композиции. Имаат бројни први изведби на многу дела во Македонија и надвор од неа:,,Prelude of a afternoon of a faun”-C.Debussy-arr.Michael Webster, Jacque Ibert-,,Deux interlude”, ,,Seduccion”(Seduction) trio од современиот латино-амерички композитор Miguel del Aguilе,како и дела од македонските композитори Љупчо Трајковски –Фис и Кокан Димушевски. Имаат добиено композиции од композиторите Анже Рожман од Словенија кој ја има адаптирано својата композиција,,The two rivers”специјално за нив, како и од композиторот Артан Хасани од Косово. Нивното прво CD  е снимно минатата,  2017год.Имаат настпувано на повеќе концерти низ Македонија и надвор од неа,а гости ,а прилепчани ги паметата на нивното гостување на  „Прилпското културно лето„ минатата година и  2016-та .

                                  ИЗЛОЖБА  во  НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп

 Во среда, пак, на 10 октомври,  од 18 ч. во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата ”Не-дефиниран урбанизам” од Катерина Деспот и Васка Сандева. Изложбата е делумно реална и постоечка која го открива зелениот дел од урбанизмот онаков каков што тој се одсликува. Деспот е родена во Прилеп и има докторирано токму на таа тема : Влијанието на паркoвата уметност врз развојот на модерната паркова композиција”.

Автор на повеќе од 110 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажнатаархитектура”. (2013).Учествува на неколку групни и самостојни изложби,

Сандева е родена во Кочани и докторирала на тема Уметнички принципи на паркова уметност како фактор за уредување на улиците во градовите на Република Македонија”.  Автор на повеќе од 100 научни разработки (публикации, статии, проекти). Учествува на неколку групни и самостојни изложби,

Двата клутруни настани се  дел од програмата  на Прилеп ,за одбележувањето на

11-ти Октомври, Денот на на народното востание на македонскиот народ.

 

Би можело да ве интересира

Пунктот е отворен за донации за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Гордана Цветаноска

И во пандемија Мермерен Комбинат бележи профит

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп и руската амбасада го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе