11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во прилепски Еурокомпозит е се полошо – протестите неминовин

Во прилепски „Еурокомпозит“ работниците денеска најавија повторно протести. Во протесот ќе учестувват и оние кои останаа на работа ,90/95 работници и оние 150-сет кои заминаа како технолошки вишок, затоа што ниту на едните,ниту на другите не им се исполнети ветените барања.

Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски истакна дека во прилепски „Еурокомпозит“ е се полошо,и полошо и без протести неможат ништо да постигнат

„Изклучена ни е струјата, работа немаме, плата немаме земено веќе трет месец, придонесите, здравствено и пензиско, не се подмирени…Од лошо полошо! Во незавидна состојба се и оние кои заминаа како технолошки Вишок. Ветувањето од раководството на компанијата е до 30-ти овој месец, 150-те работници прогласени за технолошки вишок да добијат линеарно по 50.000 денари, а остатокот за два до три месеца. Но,и во тоа веќе не веруваме! Затоа одлучивме да оваа недела да организираме протести,бидеји,досега барем, само така добивавме дел по дел!„

Во меѓувреме во договор со Владата се чекаа и измените во Законот за технолошки вишок за да бидат опфатени 150 -те  работници, односно овој закон да има важност до 31 декември. Во тој случај работниците ќе имаат право да бидат под Бирото за вработување до пензионирање и да добиваат надомест од 34 проценти од просечната републичка плата. Во спротивно, ќе имаат право една година на надомест од околу 4.000 денари и повторно да се најдат на пазарот на трудот, „иако 90% од нив се веќе во категоријата „неспособни за работа“ – велат од Синдикатот

„По основ на неисплатени плати и регрес за годишен  одмор ,до неодамна загубарот „Еурокомпозит“,која е во држава сопственост, им должи на работниците над 700/800 илјади евра  и има околу 2 милиони евра други обврски “- вели  Богданоски кој посочи дека, наводно, имало најава за еден инвеститор кој бил заинтересира за „Еурокомпозт“, „но, и во тоа веќе не веруваме!„-додава тој!

Би можело да ве интересира

Награда од Стопанската комора за „Комфи Ангел„- за ефикасно прилагодување на производството во време на пандемија

Елизабета Филипоска

„Братство“ се збратими со пчеларско здружение од Варна, Бугарија

Гордана Цветаноска

Предновогодишно со Ирена Јакимовска: Предизвиците од КОВИД 19 создадоа повисоки вредности во работниот колектив на Комфи Ангел – хуманост, солидарност и одговорност!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе