-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Обиколницата „Фрушка Гора“ ќе биде целосно асфалтирана

Општина Прилеп интензивно ги користи добрите временски услови за успешно реализирање на комуналната програма предвидена за оваа година. Комунално се уредуваат краците на улиците кај Фрушка Гора, над Автомото сојузот на Македонија.
„На улицата „Фрушка Гора“ се врши асфалтирање на делот од обиколницата на 3.000 м2. Останува уште многу мал дел да биде доасфалтиран, но тоа зависи од временските услови. Откако овој дел ќе го завршиме ќе добиеме една целина под асфалт“, изјави Благоја Богоески, надзор над градежните активности на улиците во Општина Прилеп.
Во зависност од временските услови, наредните недели, ќе продолжат градежните активности на терен, со цел целосно исполнување на предвидените активности во комуналната програма на Општина Прилеп за 2018 година и уредување на што поголем број улици во градот.

Би можело да ве интересира

Градската болница доби донација од Гентерм

Гордана Цветаноска

“Од векови за векови”- хуманитарен концерт на Драган и Ратко Даутоски и Андријана Јаневска во Прилеп

Пела Редакција

УТРЕ, ПРИЛЕП ГО ОДБЕЛЕЖУВА 3-ТИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ФАШИЗМОТ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе