Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ е добитник на три награди за претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae veneris historiae) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, на синоќа завршениот 15 – ти Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ.
Гран При за најдобра епизодна женска улога за Ангела Наумоска за улогата на Госпоѓица
Гран При за најдобра епизодна машка улога за Зоран Иваноски за улогата на Мајсторот
Гран При за најдобра колективна игра на ансамблот во претставата„Љубовни пози на историјата“.
Наградите се освоени во конкуренција на претстави во кои, како што истакнува жирито ( Благота Ераковиќ – претседател, Ана Вујошевиќ и Никола Василјевиќ – членови), се истакнале различни актерски стилови и актерски решенија, кои на публиката и оставиле извонреден впечаток.
Режисерот Горан Булајиќ на тркалезна маса на фестивалот посочил дека театарот „Војдан Чернодрински“ се претставил со „тотален театар, ансамбл претстава, која оригинално ги изнесла сценските метафори кои не засегаат сите нас.“
„Љубовни пози на историјата“ е претстава со перфектна визуелизација во општа смисла, а тое е често потполно прескокнат и запоставен сегмент во театарот.Мислам дека успеале во сите сегменти“ – посочил режисерот Булајиќ.
Инаку, во рамките на фестивалот во Никшиќ се одржа и омаж за македонскиот драматург Горан Стефановски, при што било потсетено дека е еден од најголемите драмски автори во регионот, чии драмски текстови се играат не само во театрите во регионот, туку и пошироко.