7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

10% од лековите се фалсификувани, 50% се продаваат преку интернет

Безбедноста при употребата на лекови, фалсификувани лекови,  земање лекови. т. н.  „на своја рака“, купување лекови преку интернет,  се  закана за пациентите и јавното здравје, „бидејќи тие можат да предизвикаат понатамошни болести, хендикеп, па дури и  смрт..“ велат фармацевтите и лекарите

10% од лековите на глобално ниво се  фалсификувани,  50% од лековите се продаваат на интернет , 30 -60% од лековите со сомнителен кавлитет се продаваат во земјите во развој – фрапантни податоци за лековите  кои ги изнесе Здружението СЛАП (Сочувај Лекувај Асоцијација на Пациенти со црнодробни заболувања – СЛАП ),  по повод одбележување на Светскиот Ден за Солидарност на Пациентите, 7-ми декември  на едукативнот предвање  насловено БЕЗБЕДНИ ЛЕКАРСТВА И ЗДРАВСТВО ЗА СИТЕ .Предавчите, лекарот специјалист по семејна медицина,Македонка Зероска  и  фармацевтот Бранкица Москова ги информира присутните за  важност на правилното користење лекови,за  несакани ефекти од лекови, каде може да се пријават фалсификуваните лекови,каков треба да биде  односот лекар – пациент ,кои прав ги имаат  пациентите, кои прави ги имаат лекарите.

Во Р. Македонија, свесноста и едукацијата и кај  пациентите и кај медицинскиот персонал е на ниско ниво, кога е во прашање легитимитетот на лековите. Ако  бројката на пријави  и несакни ефекти од страна на лекарите и пациентите во 2001 год. била 173, во 2015 г. 547 пријави, во 2016 се пријавни само 45 случаеви, што говори дека интересот да не се реагира во сферата на заштитата на здравјето е загрижувачка. Пациентите и здравствениот систем не смеат да стравуваат поради ефтини лекови и слабата здравствена заштита .Затоа како здружение бараме за секој пациент да има  навремна тарапија, да нема злоупотреба на лековите, да се подигне нивото на одговрност кон сопственото здравје и да не се чека на  административни процедури, тендери и сл.,за набавка на лекови, бдијќи секоје задоцнување го доведува во прашање здравјето и животот на пациентот “- истакна Билјана Мирческа, Претседател на граѓанскот здружение СЛАП

Невладината  СЛАП  денеска делеше и едукативни флаери со единствена цел да им укаже на граѓните за важноста од користење на безбедни лекови за заштита на нивното здравје.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп: инвестирани над 50 милиони денари во сите основни и средни училишта за 2 години

Пела Редакција

Добра вест: исплатена државната помош за невремето од 2018 и 2019 та година за земјоделците од прилепско

Гордана Цветаноска

Првиот пратеник Македонец во парламентот на Албанија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе