5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Касарната “Мирче Ацев”- Прилеп и Гимназијата го одбележаa патрониот празник

Со полагање на цвеќиња на спомен обележјето, постројување на единицата, беше одбележана 76 годишнината од загинувањето на народниот херој, Мирче Ацев.Потполковник, Ѓорѓи Василевски командант на артилерискиот баталјон, говореше за животниот пат на херојот и ја потенцира задачата
на АРМ

” Нашата задача е да ја браниме и одбраниме Р. Македонија и нејзините граѓани. Достоинството и гордоста на граѓаните на Р. Македонија се мерат со почитта кон сопствената Армија која го штити тој народ по цена на својот живот,  а таа доверба е голема и ние тоа премногу го цениме” – рече потполковник Василевски.

На одбележуањетп присустваше и полковникот Емини Бесник,заменик командант на Првата механизирана пешадиска бригада,  градоначалникот Илија Јованоски и  бројни гости.

Годишнината од смртта на народниот херој ја одбележа и Гимназијата “Мирче Ацев” со полагање цвеќиња на Алејата на народните херои на Могилата на непобедените и пред бистата на херојот во училишниот двор ,а вечерва по повод патрон празникот учениците ќе одржат пригодна програма .

 

Би можело да ве интересира

Ралковски, КСС: Синдикалното движење е под постојан атак

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

Пела Редакција

Комбинатот започна со откуп на тутунот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе