7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Биолошка куќа изградена од земјоделски отпад

Данската компанија Een til Een ја претстави првата „биолошка“ куќа во светот. Дизајнерите на куќата открија процес со кој земјоделскиот отпад како тревата, сламата и плевелот може да се претвори во градежен материјал. Резултат на тоа е дом кој нема никаков негативен импакт на животната средина.

 

Куќата беше изградена со помош на Фондот за еколошки конструкции на данското Министерство за животна средина. Архитектите работеа на еколошкиот дом во тајност за новиот еколошки парк BIOTOPE во Миделфарт, Данска. Проектот, кој е дизајниран со напредна дигитална технологија, се фокусира само на одржливоста, пишува Inhabitat.

 

Архитектите собраа различен земјоделски отпад за да направат градежен материјал за куќата. Тревата, самата и плевелот, кои вообичаено се согоруваат за енергија, беа процесирани во суровини за изградба. Потоа надворешноста на куќата е прелеана со биотечност, со што се полимеризираат ѕидовите. Овој иновативен процес, развиен во Норвешка, ги претвора меките материјали во тврди. Во случајот со „биолошката куќа“ слојот биотечност со тек на време ќе добие патина и рустичен изглед.

И самиот процес на изградба беше еколошки и напреден. Архитектите во текот на изградбата тестираа и развија многу иновативни технологии со кои се намалува штетното влијание врз животната средина. На пример, наместо да користат цементна основа, домот беше прицврстен со метални шипки, па во иднина лесно може да се премести доколку има потреба без да се оштети теренот.

Извор: Иновативност.мк

Би можело да ве интересира

Две прилепски компании во „100 Најголеми“ по приходи за 2021

Гордана Цветаноска

Од полноќ поевтинува дизелот, а бензинот останува со иста цена

Елизабета Филипоска

Утре без струја ќе останат неколку прилепски села

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе