„Вработените во Еурокомпозит по којзнае кој пат се излажани од оваа власт. Минатата недела протестираа пред Владата на Република Македонија, но за жал никој не ги прими, а пред општината кога протестираа некој ги примил и им дал ветување, но повторно лага, а вчера со полиција беа спречени да протестираат,“- изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска седница посветена за пратенички прашања,која пред пратениците го прочита и писмото од работниците на Еурокомпозит упатено за денешната седница во кое тие прашуваат кога ќе им се исполнат ветувањата за исплата на придонесите за пензиско и здравствено осигурување, заостанатите 15 плати, како и кога ќе се исплатат придонесите на вработените кои заминаа како технолошки вишок.
Еурокомпозит има перспектива и тврдам дека ќе има успешна трансформација, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница
„ Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме, ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на Еуркомпозит“ рече Заев и додаде дека во интерес е фабриката да продолжи да работи и до ден денес од неа се набавуваат елеци, шлемови и друга опрема за МВР и МО.
Додаде дека со новиот закон за стечајци повеќе од сто лица се згрижени и нагласи дека Владата се обидува да најде трајно решение.
Преземено од Миа и Вечер