11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Поскапува лебот во Прилеп!

По неколку дневни преговори меѓу пекарите во Прилеп, од денеска поскапува цената на лебот. Триесетина пекари во Прилеп одлучиле да се зголеми цената на белиот леб од досегашните 22 денари на 25 денари од парче во градот, а од 20 на 23 денари во населените места.
Од денеска, цената на лебот во Прилеп е зголемена кај најголемиот дел од пекарниците, и тоа 30 тина познати фирми, додека помалите и оние кои работат на црно сеуште калкулираат поради постоечките резерви на брашно. Но, се очекува од понеделник цената да биде изедначена кај сите и да изнесува 25 денари за 550 гр. леб. Останува да се види како ќе реагираат најголемите производители, како што е Жито Прилеп, ИГА и Жито Лукс од Битола и колку овие компании може во вакви услови да делуваат на продажната цена.
Како што велат прилепските фурнаџии зголемувањето на цената се должи на порастот на цената на брашното на берзата. Имено, најголеми количества брашно во земјава се увезуваат од Србија од каде се набавува брашното по цена од 19 и 20 денари за кгр. со вклучени транспортни трошоци. Но, според најавите се очекува цената на брашното и натаму да оди по нагорна линија и да достигне до 24 ден. за кгр. Така што, не е исклучено, наредниов период ова да е само почеток за пораст на набавната цена на брашното. На поскапувањето на лебот исто така делува и поскапувањето на нафтата, а една од најголемите причини е и недостигот од работна рака, вкучително и платите на работниците кои се помалку сакаат да работат во пекара.
Инаку, Прилеп е меѓу првите градови каде што поскапува најбараниот продукт. Досега, лебот поскапе во Велес, а деновиве се очекува да поскапи и во Кавадарци, што пак како „верижна реакција“ може да го следат и останатите градови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со експлоатацијата кај Оревоец во опасност е здравјето на прилепчани

Гордана Цветаноска

Заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

Жетва богата – цена евтина, а лебот поскапува!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе