Како да се подобри инфраструктурата во ромската населба „Тризла„?! Кога улиците кои имаат канализација, ќе бидат асфалтирани?! Дали ќе се уреди Дабнички канал и дали ќе се намести мост?! Како да се подобри инфраструктурата во месноста „Три багреми“, „Мексико“, „Дебарца“?! Дали децата од м.в. „Три Багреми“ ќе добијат превоз до ООУ „Добре Јованоски“?! Зошто на жителите на „Дебарца“ немаат вода веќе седум месеци?! Дали ќе се подобри уличното осветлување?! „Ќе се спречи ли дисриминацијата врз ромскто население кое на одредени места во Прилеп немаат пристап, во ресторани и кафитерии, во базен…?“!– прашаа младите Роми.Како Ромите да дојдат до вработување?!
Овие, беа дел од прашања упатени од страна на Ромите од Прилеп, до локалната власт и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој заедно со директорие на ЈКП присутвуаа на Ромскиот граѓански парламент, кој делува во состав на Здружението Рома С.О.С –Прилеп,организатор на оваа средба.
„На 26-ти декември ќе се носи буџетото на Општина Прилеп за 2018 година“ – истакна градоначалникот, кој вети дека дел од наведените инфраструкурни проблеми на нас. Тризла, ќе влезат во деталниот урбанистички план и прогрма на Општината за 2018 година. Тој посочи дека за дел од проблемите нема решени, бидјеќи не се во ингеренции на локалната самоуправа, а за дел, временските услови не дозволуваат поконкретна активност.
Здружението Рома С.О.С – Прилеп, Ромскиот граѓански парламент и 100 – тина присутни жителите од ромската заедница „Тризла„ во големата собраниската сала на Општина Прилеп потврдија дека ромската заедница е активен чинител во процесите на донесување одлуки во општеството „и со тоа заеднички придонесуваме кон интеграција, што ќе овозможи еднаков пристап на Роми во процесите на донесување одлуки“, изјави Несиме Салиоска, од невладината организација „РОМА С.О.С.“
10 години, Здружението Рома С.О.С – Прилеп (2007 – 2017).
Здружението Рома С.О.С – Прилеп во својата едно деценска работа целсно е фокусирано на зајакнување на ромската заедница во остварување на човековите права и едукација на ромското население. Нејзината цел е да претставува мост за интеграција на ромската заедница, преку промовирање и застапување на нејзините потреби, пред релевантните институции и државни органи, а од суштинско значење на организацијате е надминување и решавање на проблемите на Ромите. Се борат за солидарност, правда, достоинство, еднаквост, почит , интеграција и недискриминација на ромската попуалција во Македонија. За својата активност Здужението ја доби престижната општинска награда, 3-ти Ноември, плакета и сертификат од страна на Локалната Самоуправа – Прилеп, 2011 год и 2017 год, за придонесот за процесот на интеграција на ромската заедница и за едукација на граѓаните од ромска националност во Општина Прилеп.