5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Странските зборови замена за мајчинот јазик- правописот, кирилица-латиница. Учениците се повеќе со непознавање на мајчиниот јазик

Денска се одблежува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Наставниците по Македонски јазик тврдат дека децата во основните училишта, според правописот и вокабуларот, се соочуваат со основно не познавање на мајчиниот јазик и зборвите најчесто ги заменуваат со стрнски.

„Децата не сакаат да читаат книги на Македонски јазик, ниту да пишуваат песни, состави, ниту да раскажуваат ,за да го вежбаат правописот и да го збогатуваат својот речник со македонски зборови.  Дигитализацијата и странските јазици, го потиснуваат мајчиниот јазик, и тие јазици се на прво место, англискиот, германскиот, францускиот, и кај учениците ,и кај родителите. Тоа се гледа по правописот на учениците, мешањето на букви кирилични со латиница, не познавање на основни зборови во јазикот, не достигот на вокабуларот во изразувањето и восприемувањето на зборови, честата замена на зборовите со странски…проблеми кои загриживаат и не наведуват да размислуваме за опстанокот на нашиот јазик.

Загрижувачки е податок дека за изучување на Македонскиот јазик на Филолошкиот факултет,  оваа година на кадетрата по Македонски јазик запишани се само 5 студенит“ – вели наставникиот по Македонски јазик, од ООУ „Гоце Делчев “ Прилеп, Весна Крстеска, која тврди дека како наставници имаат улога да ги насочуваат децата да се изразуваат правилно на својот мајчин јазик и да го почитуваат правописот, но во тоа мора да помогнат и родителите.

За жал и во медиумите, се помалку има едукативни емисии, кои би ја насочиле младата публика конљубовта за негување на мајчиниот јазик и неговата правилна употрба„,  се помалку се чита, се помалку се слуша“ –  велат наставниците.

„Учениците во училиште се запишуваат во I одд. со  не познавање на основни поими и изрази, со оскудност на говор и со користење на странски јазик, особено во  бројките како израз„ – забележува  педагогот на ООУ „Гоце Делчев “Прилеп, Билјана Дукоска, која го следи развојот на децата во ова школо.

„Мајчиниот јазик најпрво треба да се негува во домот. Мајката е таа која што треба да посвети поголемо внимание кај детето за оформување на вокабуларот,

преку раскажуање приказни, читање,објаснување на поими, посочување на двојни зборови за ист предмети  итн. Но, за жал богатството на вокабуларот кај децата е се помал, од генерација во генерација, што се должи на не доволната посветеност за негување на мајчиниот јазик и напливот на странски јазици„- вели Дукоска

ДАЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МУ СЕ ЗАКАНУВА ИЗУМИРАЊЕ?!

Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици. Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Би можело да ве интересира

ООУ “Климент Охридски“ со нов музички спој на младост и искуство во презентација на нова македонска народна песна

Пела Редакција

Се гради спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Елизабета Филипоска

Во чест на децата со посебни потреби ООУ „Климент Охридски“ доби скулптура

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе