Борењето како спорт од денеска на отворено се презентира од членовите на Боречкиот клуб „ 7 ми мај Прилеп“ во училиштата во општината Борачите од прилепскиот клуб на спортскиот терен на отворено во дворот на училиштето се претставија пред учениците од ООУ „Кочо Рацин“ .
– Овој тренинг на отворено го правиме за учениците од помалите возрасни групи да се запознаат со овој спорт, како и популаризација на борењето. Можеме да се пофалиме дека имаме одлични резултати, дека имаме репрезентативци на последното кадетско првенство Стефан Стојаноски стана шампион, како и Барбара Стојкоска, а имаме и други освојувачи на медалји. Прилеп има плодна почва за врвни борачи, вели Илчо Маркоски тренер и судија.
Во својата програма Боречкиот клуб „Седми мај“ има предвидено промоција на борењето како спорт во сите основни училишта.
– Почнуваме денеска од ООУ „Кочо Рацин“ но е продолжиме во сите основни училишта која ќе заврши до првата половина на мај. На 23 мај на Светскиот ден на борењето ќе биде завршната промоција на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, вели Сашо Игнатоски, тренер во клубот и судија при боречата федерација на Македонија.
Во боречкиот клуб „Седми мај Прилеп“ продолжуваат подготовките за натпреварите на домашна и меѓународна сцена. Пред неколку денови во прилепскиот клуб од страна на федерацијата била извршена инспекција за проверка на формата на борачите, посебно на репрезентативците Барбара Стојкоска и Стефан Стојаноски.
Пишува Никола Димески
претходна вест
следна вест