11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(пред-потоа)Прилеп во еко акција да си ја исчисти околината

Во еко акција „Еко Прилеп“„ по повод Денот на екологијата ,ЈКП Комуналец,граѓани волонтери, пензионери, ученици со своите наставници, планинари,го чистеа сметот во паркот на Могилата на непобедените, депониите и расфралниот смет околу  новите и старите градски гробишта, двете страни на патот до с.Волково, патот до депонијата „Алинци“,  двете страни на патот до Вештачкото езеро, каде има четири диви депонии и кај манстирот Св. Димитрија, Селце,кај манастирскиот комплекс, Трескавец.

Ги прашавме граѓаните „Колку се грижиме за нашата околина и каде го фрламе отпадот?“

 

Пензионер: „Дојдов само иницијативно да чистам и многу сум разочаран од она што го видов . Ептен не чисто! Културата ни е на ниско ниво! Предлагам еднаш неделно да се воведе час по екологија, како некогаш ние што имавме час по домаќинство, за да се учат децат од мали како да ја чуваат и почитуваат околината. Ене, и кај паркот кај Судот, ги носат децата родителите да играат, и истите тие,тука фрлаат отапд и растураат. Срамота!“

 

 

 

 

Планинар: „Планинарите имаа едно правило – ранецот ни е корпата за отпад. Ако секаде по планините  кај што одиме вака растурам, нема ништо да биде од  околината.Така сите треба да научат да се однесуваат кон природата, а не пикавците да ги фрлаат преку прозорецот од автомобилот, доаѓајќи, тука на прошетка !„

Наставник: „Страшна беше глетката кога дојдовме со учениците да чистиме.Напочнивме повеќе од 20 црни кеси со ѓубре: пласитчни и стаклени шишиња, најлонски кеси и секаков друг отпад. Човекот очигледно воопшто не се грижи за својата околина!„

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски повика на свеста на граѓаните : „Колку што граѓаните можат да растурат, толку ЈКП „Комуналец„ и невладините еко организации не можат да соберат. Затоа апелирам  граѓаните да не растураат смет во градот и околината и да се подигне свест за чување на животната средина “

Во рамките на акцијата, денска засадени се и  околу 300 листопадни и зимзелени садници на парковските површини на Могилата на непобедените, во централното градско подрачје и во паркот кај судот.

ЈКП „Комуналец„ се заблагодари на сите кои учествуваа во акцијата, а особено на компаниите кои ги донираа садниците.

Фото:

 

Би можело да ве интересира

Еко акцијата за чистење кај вештачкото езеро, поместена за в недела

Гордана Цветаноска

Утрово, ајде, сите на работа и на училиште со точак!

Сопствена микро клима создава австралиската огнена катастрофа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе