7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Комуналците ги средуваат дрворедите во центарот на Прилеп

Можеби сега вака изгледаат многу сиромашно, но за дрворедите – време е за пролетно кастрење, со кое што пак, за само неколку седмици ќе им се овозможи бујна вегетација и богат изглед. Во централното градско подрачје во Прилеп ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, стартуваше со режење на дрвната маса на булеварот „Гоце Делчев“, каде најзастапени се липата, костенот и брезата. Со ова пролетно кастрење, покрај продолжување на животниот век, ќе се добие и естетски изглед на крошната од дрвјата.
„Староста на самите дрвореди од липа е околу 60 до 65 години, што значи липата е во голем ризик на вегетација со оглед на староста. Со оваа активност ќе се продолжи животниот век за околу пет години, претежно на липите“, истакна Даре Цветаноски, раководител на Сектор за Јавно прометни површини, паркови и зеленило.
Прилеп е познат по дрворедите но, штета е што тие обвиени во асфалт, што пак создава проблем за оптимални количества вода. Од “Комуналец“, потенцираат дека поради староста на самите дрвја во иднина треба да се размислува и да се засадуваат нови по дрворедите.
Оваа активност, комуналците ја извршуваат два пати годишно во пролет и есен, и е една од потешките операции за работа, зашто бара внимателност при сечењето, но и поголема прегледност во работата, заради околните згради и дуќани, но и фреквенцијата од луѓе и возила.

Би можело да ве интересира

Стоп за труењето-протест во сабота

Гордана Цветаноска

Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј повторно донира спортска опрема

Пела Редакција

Стојкоска од Витаминка и Јакимоска од Комфи Ангел во 10 те жени најменаџерки

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе