11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Пожарите „земаат“ квалитетна шума од Крушево

Крушево се бори со пожарите. Во моментов пожари има околу населените места Норово и Алданци. Во аситенција на ТППЕ-Крушево се вклучи денеска и хеликоптер на Армијата, кој  работи на гасење на шумскиот пожар.

Изминатите денови Територијалната противпожарна единица Крушево во сработка и координација со Дирекцијата за заштита и спасување беше во битка со пожарите, кои ја зафатија Крушевската корија, а од денес вклучена е и Армијата на Република Северна Македонија,  во справувањето со пожарите кои се шират во околината на Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски упати благодарност до Армијата на Северна Македонија за помошта во справувањето со пожарите и заштитата на граѓаните и нивниот имот.

ПРИЛЕП 

Во март ТППЕ- Прилеп регистрира 148 пожари на отворено. Викендов гореше во Небрегово,Топлица- Радобил, а прилепските пожарникари беа анагжирани за гаснење на големиот пожар  кај с.Полчиште, мариовско, кој се движи со голема брзина кон гранциата со Грција, кај т.н Железна порта

.„Поради можност на постоење на гранати и мини од Прват Светска Војна, овој терен е непристапен и опасен за гаснење, па пожарот брзо се шири „   – нагласи командираот на ТППЕ – Прилеп,  Виктор Стојчески.

Дваесетина бомби и гранати експлодирале на планината Кајмакчалан кои се детонирани од пожарот кој три дена беснее на планината. На овој простор гори нискостеблеста и квалитетна шума.

Би можело да ве интересира

И, 15-тина прилепски фирми добиле државна помош, а не им исплатиле плати на вработените

Елизабета Филипоска

Нови 4 позитивни случаи во Прилеп

Гордана Цветаноска

Денеска навивачката група „Мајмуни„ се збогува од момчето кое загина во сообрајќањата незгода кај с.Славеј

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе