Утре, петок 5-ти април, Прилеп ќе го одбележи Денот на НАТО. По повод Денот на НАТО, во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, напладене , на „Арт“ плоштадот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе организира отворен ден за граѓаните,кои ќе можат да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на Армијата.
Истовремено, во соработка со Црвениот крст, во просториите на Центарот за култура ќе биде организирана и крводарителска акција на која покрај припадниците на Армијата, ќе можат да се приклучат и граѓаните.
Денот на НАТО традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, во Вашингтон 12 земји го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.