30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Пелгониското небо, идниот месец ќе биде преплавено со „летачи“ кои ќе уживаат во убавините на Крушево и Пелагонија. Под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ од 26.мај.2019 до 01.јуни 2019г, на Мечкин камен во Крушево ќе се одржи Светски куп во параглајдерство .Купот е во рамките на Проектот, локална и регионална конкурентност, дел од ИПА 2 програма на ЕУ, како дел од пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, во организација на општината, која ги поканува сите љубители на парагладерството да дојдат и да уживаат во убавините на највисокиот град на Балканот.

На натпревар се очекуваат да пристигнат 120/ 150 учесници, а најавни се и повеќе од 500 гости ,кои ќе го  следат и ќе уживаат во парагладерството. Покрај натпреварувачки дел, овој Светски куп во параглдерство, има и едукативена цел , бидејќи ќе има повеќе типови на параглајдеристи, од професионалци до аматери, кои би го пренесел своето знаење.

За потребите на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ градот интензивно работи на реконструкција на спортската сала, набавка на комбе за параглајдеристите, опрема за спасувачи, изработка на интернет страница, апликација и промотивно видео …

Би можело да ве интересира

Шестмина излекувани, a нема нови заболени со Ковид 19 во Прилеп

45 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Промоција на романот „Грст афионови зрнца“ од прилепскиот писател Горан Василевски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе