0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Мегленски: „Значаен бод !Победа сеуште е во игра за опстанок во елитното друштво“  

Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Победа и Вардар. Неатрактивен меч гледаа љубителите на фудбалот, а сериозните шанси кои ги понудија двата тима се броеја на една рака. Вкупно пет добри шанси имаше на целиот натпреварот во Охрид. Победа беше посериозна во обидите во првиот дел, а Вардар беше поактивен во второто полувреме, па ремито остана како  реален исход од натпреварот.  

Победа со ремито против Вардар ја прекина серијата порази и создава надеж да обезбеди бараж, а потоа и опстанок во елитното фудбалско друштво на Македонија.

       Тренерот на Победа, Тони Мегленски, за Радио Пела изјави:

Овој бод е значаен за Победа. На овој натпревар можеме

само да жалиме за 4/5 -те стопостотни испуштени шанси и за тоа што не постигнавме гол, бидјеќи бодовите навистина ни се потребни. Но, мене ме радува оптимизмот кај играчите и желбата до крај да се борат за да ја извојуваме битката за бараж и за опстанок во ПФМЛ. Не се откажуваме до последниот натпревар, бидјеќи во „игра“ имаме уште 33 бода за освојување.“-  истакна Мегленски

Инаку, бодот против Вардар не е нешто многу што  ѝ одговара на Победа, затоа што конкурентите во битката за опстанок, Силекс, Македонија ЃП и Беласица исто така освоија бод на своите натпревари, а  Победа сеуште остануваат заковани на дното во ПМФЛ и ги чека тешка борба за спас. Следниот натпревар Победа ја игра со  „Македонија Ѓорче Петров“.

 

Би можело да ве интересира

Прво коло Деспина со 8:0 го совлада Борец

Елизабета Филипоска

Еден гол, ама вреден за 3 бода

Гордана Цветаноска

Нестороски : Оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европско (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе