7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Гимфест“ втора вечер

Втора вечер од музичкиот фестивал „Гимфест“во Прилеп. На првата вечер настапија 17 солисти синоќа, од вкупно 40 учесници по аудицијата. Очекувано, салата во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше преполна. Оваа година се одржуваат две вечери: првата е на најдобрите прилепски гимназијалци-музички солисти, а втората е национална вечер на која учествуваат тројцата најдобри од првата фестивалска вечер и најдобрите од 10-тина градови од Македонија. „Гимфест“ со тоа прераснува во национален средношколски музички фестивал.

Прилепските гимназијалци, напорно работеа 6 месеци, за остварување на желбите – да се претстават во најдобро светло пред публиката. Организаторот на фестивалот, Мартин Наумоски, професор по македонски јазик од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ манифестацијата започна по иницијатива на шест професори. Но, веќе е на прагот да биде домаќин на музичките таленти од цела Македонија.
Според директорот на гимназијата Диме Настески, може да се очекува со поддршка на министерството Гимфест да прерасне во средношколски музички фестивал кој ќе ги промовира на едно место македонските таленти.
– Целта годинава е да го привлечеме вниманието и на македонската јавност и да докажеме дека Прилеп може да се носи со еден ваков културен настан. Се надеваме дека в година, со помош на Министерството за образование ќе го имаме првиот официјален, државен, средношколски музички фестивал – вели Настески.

Би можело да ве интересира

На програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“денеска,вторник, три претстави

Јубилејно 15 Поетско Маркукуле

Гордана Цветаноска

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе