7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

На јарболот пред зградата на Општина Прилеп беше подигнато ромското знаме по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8.Април . На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Прилеп, претставници на јавниот живот, Советот на општина Прилеп и ромската заедница.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски истакна дека Општина Прилеп во континуитет прави заложби за целосно вклучување на граѓаните од ромската етничка заедница во општествените текови на современото живеење.
Адем Мамудоски, член на општинскиот Совет рече дека кревањето на ромското знаме и одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите во кој се вклучија локалната самоуправа и Советот на општина Прилеп, е доказ за одличната соработка на Општина Прилеп и граѓаните од ромската етничка заедница.
Градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и директорите на јавните претпријатија, остварија средба со граѓански здруженија, претставници на ромската заедница и на урбаната заедница „Тризла 2“.
Воедно, во ООУ „Добре Јованоски“ заврши проектот за подобрување на училишната средина, рехабилитација на објектот, финансиски поддржан од Амбасадата на Јапонија во висина од 80 илјади евра .

По повод светскиот ден на Ромите – 8 ми април кој Прилеп го одбележува со низа манифестации во Основното училиште Добре Јованоски се одржа забавна програма од учениците на која присуствуваа градоначалникот Илија Јованоски, како и амбасадорот на Јапонија во Македонија Г-ѓа Кеико Ханеда.

Би можело да ве интересира

Германски инвеститор покажа интерес за Пелагонија

Гордана Цветаноска

Одбележани 150 години од раѓањето на илинденскиот војвода Смиле Војданов

Од утре стартува исплатата на анти ковид пакетот за тутунарите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе