7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Признание за Витаминка за општествена одговорност и промоција на семејните вредности

Витаминка од Владата доби признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

Признанието го прими Претседателот на одборот на директори, Симон Наумоски кој истакна дека ова, пред сè е заслуга на Генералниот извршен директор и младиот менаџерски тим во компанијата. Тој уште дополни дека во Витаминка се воведуваат и други новини со кои се зголемува задоволството кај вработените и се стимулираат семејните вредности.

„Витаминка е предводник во создавање подобри услови за сопствените вработени. Со последните одлуки и иницијативи, покрај скратеното работно време во период од три месеци за родителите кои се враќаат од породилно отсуство, Витаминка уште воведе и надоместок за трето дете, што претставува уште една мерка со која се подобрува статусот на вработените и се поттикнуваат семејните вредности и успешното родителство“, истакна Наумоски.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на доделувањето истакна дека за квалитетен пазар на труд, но и за успешно родителство многу е важно да се прави баланс помеѓу професионалните и приватните обврски. Таа порача оваа иницијатива да биде инспирација и пример за сите останати компании.

Неодамна компанијата со цел заштита на здравјето на вработените и будење на свеста за рана детекција на ракот на дојка, организираше бесплатни ехо прегледи на дојка како и предавања на истата тема.

Би можело да ве интересира

Откупот заврши, што со претстојната реколта? (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп започна со издавање „бели картони“ за тутунопроизводство

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе