11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Заеднички иницијативи на Општина Крушево и Францускиот институт

На 7-ми јуни Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ЈП „Комуна“ во соработка со Институтот, МАНУ, „Гоу Грин“ (Go Green) и Амбасадата на Швајцарија ќе организираат голема акција за чистење од пластика, на три пункта во општина Крушево меѓу кои спаѓа и слетиштето за параглајдеристи меѓу Врбоец и Св. Митрани како илустрација за посветеноста на општина Крушево и нејзините партнери во подобрување на условите за развој на туризмот во Крушево.
Дополнително, во соработка со основното и средното училиште ќе се работи на запознавање и промоција на францускиот јазик во Крушево преку натпревар за најдобри литературни творби со вклученост на учениците од двете училишта. Натпреварот за литературните творби, односно содржината на творбите, покрај промоцијата и употребата на францускиот јазик, ќе ја опфати темата на јавна хигиена со цел подигање на свеста за важноста од здрава и чиста животна средина.
Ова беше договорено на денешната средба во кабинетот на градоначалникот Томе Христоски, на која присуствуваа директорите на основното и средното училиште Оливера Чавкароска и Снежана Миленкоска, и Емануел Рембер, Љупка Димова и Бранко Чобанов од Францускиот институт во Скопје. Општината  и институтот заедничките иницијативи ќе ги реализираат на планот на образованието и екологијата. Исто така, ќе бидат потпишани неколку меморандуми кои ќе бидат основа за продлабочена понатамошна соработка во повеќе други области.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (69)

Пела Редакција

Се уредува просторот околу викенд зоната „Езеро“ во Крушево

Гордана Цветаноска

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе