11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Златен медал  освоија  учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, Давид Трајкоски и Бојан Седлоски на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска. СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, пак, го освои второто место,  во конкуренција од 24 училишта од Европа.

 

 

На 14-от Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска, кој се одржа од 9-ти до 14-ти април 2019 г.  учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни и воедно да се натпреваруваат во кулинарсите вештини и во  изготување на интересни,креативни јадења.

По овој успех тимот од СОУ „Наум Наумовски Борче“ ги прими  градоначалникот кои им честа за наградите,а тие упати голема благодарсност за безрезервната поддршка на Општината и  сите поддржувачи и покорвители кои им овозможија  да учествуваат на ова големо кулинарско натпреварување во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Во чест на загинатите херои, одбележани 112 години од Битката кај Ножот – најкрвавата битка во историјата на Македонскот народ

Елизабета Филипоска

Полициска хроника: Фатен крадец, ограбувал во фирма…

Пела Редакција

Во Прилеп гласаат болните и изнемоштени лица, штитеници во Домот за стари и затвореници во КПД

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе