11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Голем интерес за меморијалниот турнир „Таста – Лара„

     Првиот меморијален турнир за ветерани/ки „Таста – Лара 2019“ ги брои деновите на почетокот. Турнирот е закажан на 31 мај и 1 и 2 јуни, а ракометните екипи од земјава и странство веќе пројавуваат интерес за учество.

Турнирот се организира во чест на двајцата легендарни ракометни играчи и тренери, на РК „Тут – Ком„ , Пeтар Кузманоски – Таста и Влатко Коруноски – Лара, кои починаа минатата година, а идејата произлезе од нивните синови-ракометари, Горан Кузманоски-Таста и Александар  Коруноски-Лара, кои одлучија, на ваков, спортски начин, да го одржат споменот на своите легендарни родители .

 На 66 годишна возраст 29 април почина, ракометната прилепска легенда, Петар Кузманоски – Таста, (чии што едногодишен помен ќе се одрши, в сабота 20 ти април, во 11,оо ч) ,а само два месеци подоцна на 5-ти Јуни на 67 годишна возраст почина неговито пријател и тренер- партнер, Влатко Коруноски – Лара.

Инаку, организаторите  на турнирот, ЗС “ Млади ветерани“ – Прилеп“, се задоволни од досегашниот тек на организацијата и  интересот на екипите за учество. На списокот како учесници се екипата на втеранките на  “Ѓорче Петров“- Скопје , екипи на ветерани/ки од Грција, ветерани од Војводина и ветеранки од Нови Сад веќе го најавија своето учество, а  своето учество на првиот меморијален турнир “Таста-Лара’ , го потврди и машката ракометна македонска реперезентцијата на ветерани, како и  ветеранките од “ Гевгелија“.  Екипата на “Млади ветерани“ – Прилеп“ како домаќини се дел од турнирот,а една од екипите,носители на турнирот, е токму, екипата на ветеранките на некогашен “Тут-ком“ – Прилеп

Стојат од десно на лево :Таста, Павлоска, Базеркоска, Лозаноска, Воиновиќ, Смилеска, Атанасоска , Стојаноска, Митреска, Цветаноска,Лара . Долу од десно на лево: Горан Кузманоски, Паниќ, Талеска, Белческа, Наумоска, Митеска, Магдеска, Наумоска

екипа,  која заедно со Таста и Лара , како тренерски тандем, го постигнаа најголемиот ракометен успех во тогашната женска македонска лига (1987/88) влез во втората YU лига-Југ и со самиот влез, освоување на вторто место.

Ветеранките на Тут- ком веќе тренираат и ќе се појават на турнирот во полн состав, во чест на своите тренери, со исклучок на Паниќ и Наумоска Билјана, кои се во странство и нема да можат да пристигнат на трунирот. За потсетување, генерацијата на Тут-ком Прилеп со тренерите Таста – Лара го постигна најголемиот клупски успех и воопшто најголемиот успех во женскиот ракомет во Прилеп.,а таа славна генерација ракометарки ја сочинуваа : Цветаноска, Павлоска, Атанасоска, Снежана Наумоска ,Билјана Наумоскиа, Стојаноска, Смилеска, Лозаноска, Паниќ, Базеркоска, Воиновиќ, Митеска, Талеска, Белческа ,Митреска  и Магдеска). На оваа група ветеранките ,на трунирот ,  ќе им се приклучат и младите ветеранки, исто така некогашни ракометарки на Тут-ком, кои ќе бидат моторната сила на екипата.

Инаку, целта на меморијалниот турнирот „Таста –Лара“  е да се задржи споменот на овие двајца ракометни великани, достојни ракометни борци и врвни тренерски мајстори, кои оставија не забравен белег во ракометот во Прилеп, но и  ракометот да остане како  дел од прилепското спортско поднебје,со пример дека се негувла со генерации и децении.

 

 

 

Би можело да ве интересира

И вториот пријателски натпревар во корист на Победа

Гордана Цветаноска

На Прилеп му е потребна универзалната сала – спортистите едногласни за иницијативата (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Талимче на подготовки пред златната ракавица

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе