16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Семејни приказни“ нова претстава во театарот „Војдан Чернодрински“

Во НТ „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Семејни приказни“ , во режија на Милош Б. Андоновски. Новиот проект за драмата чиј автор е Биљана Србљановиќ е дејство во кое станува збор за четири деца на возраст меѓу 10 и 12 години кои на едно старо, детско игралиште си играат возрасни. Преку нивните игри на преправање во татко, мајка и дете, избиваат нивните лични семејни приказни, односот со родителите, домашното (не)воспитание, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст, воопшто.

Текстот за претставата „Семејни приказни“ е напишан во 1998 година, а неговата актуелност, особено за балканските простори, е несомнена. Биљана Србљановиќ (1970) е најпознатата и најизведуваната српска драмска авторка, но и една од најпознатите и најизведуваните европски авторки денес: нејзините драми се поставени во околу 50 земји.
„Семејни приказни“, за режисерот Андоновски е негов прв професионален ангажман во прилепскиот театар. Ангажирана е со актерската екипа во состав: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.
Инаку, сценографија за Семејни приказни е на Наташа Вчкова, костимографијата на Марта Дуфне Јосифовска.
Подготовките за новата претстава во Прилепскиот театар Војдан Чернодрински ќе се интензивираат по Велигденските празници, а премиерата се планира во месец јуни.

Би можело да ве интересира

Изложба на скулптури од Синиша Новески во Прилеп

Во спомен на Илија Милчин: За името Македонец се крикало и се пекало! (ВИДЕО)

Два мурали, два знaчајни лика, се дел од уличната уметност во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе